ОД 1 ФЕВРУАРИ ЗАПОЧНУВА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ, ИЛИ ЦРВЕНАТА ЗОНА „А“

WEB Телевизија во живо

ЈПКД „Комуналец“ денеска ја информираше јавноста дека од четврток, 01.02.2024 година, започнува наплатниот режим за паркирање во централниот дел на градот Гевгелија или црвената зона А во која влегуваат подзоните А1 и А2.
 
Во подрачјето на подзоната А1 се опфатени следните улици:
– ул.”7 Ноември” од “Амамот” до крстосница со “Маршал Тито” и “Димитар Влахов”,
– ул. “Димитар Влахов” до крстосница со “Јосиф Јосифовски” и “Ристо Фршинин” и
– ул. “Маршал Тито” од крстосница со “Ѓорѓи Велков” до крстосница со “7 Ноември” и “Димитар Влахов”.
 
Во подрачјето на подзоната А2 се опфатени следните улици:
– ул.”Гевгелиски партизански одреди” (освен паркинг пред СОУ “Ј.Јосифовски”) и
– ул.”Маршал Тито” – од Библиотеката до крстосницата со ул. “Таља Бикова” и “Мирче Ацев”.
 
Согласно основниот сообраќаен проект за режимот на сообраќај за зонско паркирање на определени јавни површини во општина Гевгелија, во Зона “A„ се обезбедени следните места за паркирање:
A1 – 92 паркинг места, 11 такси стојалишта, 3 паркинг места за инвалиди, 2 паркинг места за електро-напојување.
А2 – 45 паркинг места, 4 такси стојалишта, 3 паркинг места за инвалиди.
 
Наплатата ќе се извршува согласно упатствата поставени на вертикалната сообраќајна сигнализација, односно со ограничено времетраење до 120 минути, по цена од 30 денари од час.
Наплатата може да се изврши:
– со СМС порака;
– со платежна картичка преку скениран QR код;
– со купен едночасовен и двочасовен паркинг билет од овластените продавачи.
– врз основа на кориснички договор за повластена паркинг карта.
 
Во текот на следните денови ќе Ве информираме за сите детали околу начинот на користење на јавниот паркинг, поволностите за станарите и државните органите на управата како и за приватните правни лица.
Блокирање на возилата ќе се спроведува за:
– непрописно паркирани возила;
– паркирано возило на недбележано паркинг место на простор во опфат на зонско паркирање;
– паркирано возило на место резервирано за инвалиди;
– паркирано возило на паркинг простор без прописно платен надомест;
– паркирано возило на резервирано паркинг место а истото не е пријавено за користење на резервираниот паркинг простор.7
Надоместкот за поставување и отстранување на механичко средство за блокирање возило изнесува 1200 денари.
 
По објавување на потребната документација за повластено користење на јавниот паркинг, барателите ќе можат да ги доставуваат Барањата во дирекцијата на ЈПКД КОМУНАЛЕЦ Гевгелија, секој работен ден од 7:00 до 15:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *