НА 4-ТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА ГРАЃАНИТЕ ГЛАСАА ЗА ИЗГРАДБА НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ПАРК „ТОПЛИК“

WEB Телевизија во живо

Изградба на спортско-рекреативниот парк „Топлик“ е проектот кој вчера граѓаните на Општина Гевгелија го одбраа за реализација на четвртата форумска сесија од проектот „Зајакнување на општинските совети” – фаза 2 кој го спроведува УНДП во партнерство со Општина Гевгелија.
Локацијата на местото викано Топлик се наоѓа на 2 километри северозападно од градот Гевгелија, се состои од три локации и тоа старите јавори и чешма, излезот од патеката на браната Топлик и дел од кејот на браната Топлик. На локацијата се предвидува урбана опрема која ќе се користи повремено од граѓаните на Општина Гевгелија за рекреативна намена. Урбаната опрема вклучува летниковци, перголи, клупи и масички за седење, патокази, држачи за велосипеди, канделабри за осветлување и канти за отпадоци.
На местата каде што има водени површини кои постојно се премостуваат со прескокнување, се предвидуваат мостчиња и под нив бетонски цевки за регулација на водата.
Се предвидуваат и паметни клупи со инсталиран систем за искористување на сончевата енергија, која генерирана енергија ќе се користи за полнење на електронски уреди.
Осветлувањето на локацијата исто така е предвидено да биде со канделабри.
 
На форумот се гласаше за еден или повеќе од шесте предлог-проекти од областа на животната средина, коишто граѓаните- работните групи ги развивааа преку предлог-концептите на претходните форумски сесии, а ќе се реализира со грант во висина до 50.000 американски долари:
– Изградба на велосипедска и пешачка патека;
– Уредување на паркот и реконструкција на објектот во Смрдлива Вода и негова адаптација за користење и од лицата со попреченост;
– Изградба на спортско-рекреативен парк на ТОПЛИК
– Селекција и рециклирање на отпад;
– Собирен центар за употреблив отпад од домаќинствата;
– Поставување фотоволтаици на училишните згради.
Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *