НА 30 ЈАНУАРИ 1951 ГОДИНА ПОЧИНА ПАВЕЛ ШАТЕВ, ПОСЛЕДНИОТ ГЕМИЏИЈА И ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

WEB Телевизија во живо

“Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот “
На 30 јануари 1951 година во Битола починал Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори, наречени „гемиџии“, крунски сведок што останал да раскажува за тоа што се случувало во Солун во 1903 година.
 
Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Бил член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласувањето со повоената политика на СФРЈ, бил отстранет од политичката сцена и осуден на тивка смрт од комунистичкиот режим. .
Павел Шатев е роден на 15 јули 1882 година во Кратово. Умрел во Битола, каде што е и погребан, бидејќи тогашните комунистички власти не дозволиле дури и последното испраќање да му биде во родното Кратово.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *