МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ХОЛОКАУСТОТ ВО КОЈ НАСТРАДАА И ЕВРЕИ ОД ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денес е Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Генералното собрание на Обединетите нации пред 12 години одлучи да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27 јануари, датумот кога пред 68 години престана да функционира нацистичкиот концентарциски логор „Аушвиц“.
Во „Аушвиц“ и во другите логори на смртта беа развивани посебни техники за убивање, од гасни комори до смртоносни експерименти на луѓе.

Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.200 македонски Евреи. На 11 март 1943 година 98 проценти од Евреите во Македонија се собрани во скопскиот Монопол, најголемиот број од Битола, Штип и Скопје, и испратени во концентарцискиот логор „Треблинка“ каде што се убиени во гасни комори. Меѓу нив се и 14 Евреи од Гевгелија, од фамилиите Бразилај и Ишула.
Според истражувањата на д-р Владо Картов, во Гевгелија, Евреите пристигнале во почетокот на 80-те години на 19-от век, од Солун. Како трговци, тие веројатно биле привлечени да дојдат во градот, по изградбата на пругата Солун-Скопје, и во Гевгелија отвориле свои трговски дуќани. Живееле во самиот центар на градот, на запад од денешната зграда на Градската библиотека. Нивните дуѓани и куќи за живеење се наоѓале на самата главна улица.
 
Познати еврејски семејства во градот Гевгелија биле семејствата Бразилај, и Ишула.Евреите се задржале во Гевгелија се до оној кобен за нив 11 март 1943, кога во раните утрински часови, биле собрани од бугарската полиција и со воз транспортирани во фашистичкиот логор во Треблинка, Полска. По војната, на 11 октомври 2000 година, на зградата на поранешната Градска аптека е поставена спомен-плоча со имињата на депортираните Евреи од Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *