ФОРМИРАНА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО ЗА НАША МАКЕДОНИЈА- ЗНАМ, ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Вчера, во Гевгелија се формираше Општинска организација на Движењето За наша Македонија – ЗНАМ.
За Претседател на Општинската организација во Гевгелија избран е Ангел Купанов, дипломиран економист и приватен стопанственик.
За членови на извршен одбор избрани се: Ангел Купанов, Борче Нечевски, Корнелија Дуганова, Сашко Олумчев, Александра Делиџакова, Мите Попов, Влатко Делев, Виктор Купанов и Горан Капсаров.
 
По формирањето на Општинската организација, претседателот Ангел Купанов изјави:
„ Сакам да се заблагодарам на довербата што ми е укажана, да ја водам Општинската организација на ЗНАМ, Движење за наша Македонија во Гевгелија. Сакам да ги охрабрам сите оние кои вечерва присуствуваа на оваа изборна конференција, бидејќи сите тие за мене се херои, кои во овие времиња-невремиња се одважија да пристапат кон ЗНАМ, и одбија да бидат дел од црно-белата политичка сцена во Македонија. Воедно, сакам да ги охрабрам и сите грааѓани на општина Гевгелија кои не сакаат повеќе да молчат за она што се случува во нашата држава, да ни се придружат.
Народот во Македонија е во агонија, а нашта цел во идното делување ќе биде да нудиме решенија за напластените проблеми во нашата татковина и да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат“
 
Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, од Гевгелија порача:
„Наша цел е да работиме од граѓаните за граѓаните, кои треба, на наредните избори да донесат конечна одлука за иднината на Македонија. Република Македонија заслужува поубава иднина, а ние како движење ќе понудиме изборна програма, но не само на хартија, туку и во дело. На Македонија и претстои тешка битка, но потоа сигурен сум дека и претстои поубава иднина. Ги охрабрувам сите граѓани на Гевгелија повеќе да не молчат, бидејќи молчењето во оваа ситуација е еднакво на срам. Не треба да се молчи на ваква приватизирана држава во сите општествени области, затоа што актуелната власт е само привезок на ДУИ, и се повеќе се тоне во безизлезност. Дојдено е време граѓаните за прв пат во историјата на самостојна Македонија да не гласаат против, туку ЗА. Инаку, не очекувам фер и демократски избори, бидејќи и досега такви немаше поради важечките закони кои не даваа еднакви можности на сите политички9 субјекти, како од медиумска така и од финансиска природа. Сегашната власт има генерирано голем капитал кај себе кој ќе го употреби во предизборната кампања. Но, сигурен сум дека граѓаните ќе ја препознаат нашата програма и, по изборите, ви ветувам дека Македонија повеќе нема да биде иста“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *