БРОЈКИ НА КОИ СМЕ ГОРДИ,НО КОИ И ОБВРЗУВААТ. НАШИОТ ВЕБ САЈТ „НОВА 12“ ВО 2023 ГОДИНА Е ПРЕГЛЕДАН 240.000 ПАТИ И ИМАЛ 600.000 КЛИКНУВАЊА.

WEB Телевизија во живо

Крајот на секоја година е време кога се подвлекува црта под се она што е направено во годината што изминува. Редакцијата на веб сајтот „Нова 12“ може да биде презадоволна од начинот на кој ја информираше не само гевгелиската туку и македонсклата јавност, а задоволството е уште поголемо кога ги гледаме бројките на сите оние кои го посетиле сајтот и се запознале со неговата содржина.
 
Нашиот сајт има 12.000 корисници и 40.000 прелистувања месечно, се гледа во речиси сите поголеми градови во Македонија и во над десетина земји во светот.
Топ 3 листата на најчитани постови во 2023 на веб страницата е следната:
 
2700 посетители го прочитале текстот за бомбардирањето на македонските села во Егејска Македонија со напалм бомби во Втората светска војна.
4.500 прегледи имал текстот
“Реновираниот оддел на физикална терапија ќе го носи името на прерано починатата докторка Биљана Ичева.
 
5.400 пати бил посетен текстот за гевгеличанката Татјана Симонова, добитник на 400.000 денари на инстант лоз.
Бројките од над 240.00 прегледи и над 600.000 кликнувања, како и 19.000 посети на нашата веб телевизија, зборуваат за одличниот рејтинг кој изминатите години го има „Нова 12“ кај својата публика, но истовремено,овие бројки се и обврска, наредната година да се стремиме овие резултати да ги надминеме.
 
Затоа, ќе продолжиме и наредната година, како и изминатите 7 години, да ја информираме јавноста објективно за се она што се случува во нашата Општина Гевгелија, пред се на економски, културен, спортски, образовен,младински и туристички план.
Нека Божиќните празници ги дочекате во мир и спокојство, а наредната 2024 година Ви донесе здравје,љубов, радост, и повеќе убави моменти од оваа 2022.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *