БОГОЈАВЛЕНСКО ПЛИВАЊЕ ПО ЧЕСНИОТ КРСТ УТРЕ НА РЕКАТА ВАРДАР

WEB Телевизија во живо

ДО СЕГА ПРИЈАВЕНИ НАД ПЕТНАЕСЕТТИНА УЧЕСНИЦИ
 
По повод големиот христијански празник, Водици, утре во Гевгелија ќе бидат осветени водите на реката Вардар, од мостот крај мотелот “Вардар”, од каде што ќе биде фрлен крстот по кој ќе скокаат најхрабрите гевгеличани. Во организација на гевгелиското архиерејско намесништво кај мостот на Вардар, и оваа година ќе се одржи традиционалното пливање по чесниот крст. Од таму известуваат дека, до сега се пријавени над петнаесеттина учесници, а за сите пријавени кандидати на денот на Богојавленското пливање по чесниот крст ќе биде организиран бесплатен лекарски преглед од страна на екипи од Општата болница во Гевгелија. 
 
Чинот на потопувањето на светиот крст во водите на осветениот македонски Јордан, реката Вардар, ќе се одржи во петок, на 19-ти јануари, со почеток во 12 часот. Оној кој ќе го фати осветениот крст, се верува дека ќе биде благословен и среќен целата година.
Овој настан е познат како Богојавление, бидејќи со чинот на крштевањето Господ, конечно се појави како Света Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Исус Христос..

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *