БАДНИКОВИТЕ ОГНОВИ И ВЕЧЕРВА ЌЕ ГОРАТ ВО ПОВЕЌЕТО МААЛА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Традиционално и вечерва ќе се палат големите бадникови огнови во земјава по повод прославата на најголемиот и највесел христијански празник Божик. Вакви коледарски огнови ќе бидат запалени и низ повеќе маала во градот Гевгелија и во другите населени места во општината, каде што граѓаните традиционално се собираат секоја година.
 
Во Гевгелија големиот оган на коледарскиот хепенинг ќе се пали на отвореното ракометно игралиште каде ќе настапат пеачи и групи кои ќе ги забавуваат домашните и странски посетители до доцна во ноќта, во очекување на огнометот.
 
На манифестациите во Гевгелиско се негуваат сите традиционални обичаи за славење на Христовото рождество, Божик, коледарски оган, топол чај, бадникови гранчиња за здравје и бериќет и заедничко дружење.
Бадникови огнови вечер ќе се палат и во Богданци, Стојаково, Валандово и Дојран.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *