БАДНИК , НОЌ НА МИР И СПОКОЈСТВО И ПРАЗНИК НА СЕМЕЈСТВОТО

WEB Телевизија во живо

За многу години Бадник и нека Бог биде со нас оваа вечер. Да си побараме прошка едни на други, и да размислиме и да го славиме Господа Христа, и како што пееја дечињата денес на Бадниковата поворка, денес сета твар да се радува и чествува.
И, навистина, Бадник е празник за семејството. На овој ден не се оди на гости и сите треба да бидат во своите домови покрај најблиските.. Тивка, света ноќ кога верниците го очекуваат утрото за да ја чујат радосната вест. Празнична ноќ, ноќ пред Христовото раѓање. Името Бадник значи да бдееш, да бидеш буден и да го дочекаш Христовото раѓање.
Бадник го означува крајот на 40-дневните божиќни пости.

Бадник се слави еден ден пред Божик и со коледарските огнови и со малите деца – коледарчиња се најавува Рождеството Христово. Бадник претставува ноќ на мирот, радоста и на сплотеноста. Овој празник е поделен на два дела – периодот од полноќ до пладне на шести јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник.

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник. Денот наспроти Божик се празнува со низа обичаи. Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во престојната година и годинава, православните христијани ќе ги дочекаат Божикните празници, претежно во кругот на најблиските.
 
Домовите и куќните прагови се украсуваат со дабови гранчиња, наречени Бадникови дрвца. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *