2024 ГОДИНА МНОГУМИНА ГЕВГЕЛИЧАНИ ЈА ДОЧЕКАА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ПОСАКУВАЈЌИ СИ ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И ЉУБОВ.

WEB Телевизија во живо

Многумина граѓани на Општина Гевгелија синоќа решија Новата година да ја дочекаат на Градскиот плоштад. Трета година по ред, Општина Гевгелија го организираше новогодишниот дочек со богата културно- забавна програма, на Градскиот плоштад, во којашто учество зедоа, пред се, локални музички групи и уметници. Годинава, за забавата за највеселата ноќ во гoдината беа задолжени Оливера Станковска, „Лајф бенд“ и триото „Хитс“ во состав на Моки, Марија и Слободан. Исто така, настапија и КУД „Танец“ од Миравци и популарниот Дејан Малзарков со stand up комедија – Diverzija. Гостин на вечерта беше познатиот македонски пејач, Ристо Самарџиев, „Чили Вили“, со пријателите, Водител на Новогодишниот дочек на 2024 година, беше Никола Опров.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *