ЗА ПРВ ПАТ ДЕДО МРАЗ ПРИСТИГНА СО МОТОР ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Дедо Мраз во Гевгелија за прв пат оваа година пристигна во Гевгелија со мотор, денеска , четврток, 28 декември 2023 година, во 12 часот .
Во изминатите триесеттина години, традиционално Дедо Мраз најнапред пристигнуваше на железничката станица во Гевгелија, но оваа година тој дојде заедно со Мото клубот Ретки Птици, кои со една спасувачка мисија, наместо со, воз, го донесоа Дедо Мраз пред Пионерскиот дом со мотор. Придружуван од моторџиите, тој се упати кон центарот на градот, каде го пречекаа најмладите од Гевгелија, приредувајќи му пригодна забава.
Оваа година Домот на културата беше организатор на дочекот на Дедо Мраз во центарот на Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *