ЗА МНОГУ ГОДИНИ НЕКА Е СВЕТИ НИКОЛА, ЗАШТИТНИКОТ НА ДЕЦАТА,СИРОМАШНИТЕ И МОРНАРИТЕ

WEB Телевизија во живо

Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…
Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најпочитуваните светци, и на иконите се претставува со својата архиерејска одежда. Стефан Тановиќ, во записите на обичаи и верувања од Гевгелиско на едно место забележал дека овој ден се празнувал “поради дождови и поплави”, а на друго место дека го празнувале рибарите и морепловците, дека секогаш бил на вода и ги држел клучевите од седум извори за да не се удават луѓето, зашто кога би ја пуштил водата сите би се удавиле. На Дојранското Езеро, на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а и во Солунскиот залив престанувал сообраќајот.

Култот на Св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Св. Никола е заштитник на децата, мореплов¬ците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците… Го слават христијаните, и православните и католиците, како и дел од муслиманите, особено во Турција, каде го викале “Ад’рбаба”, што значи јадар татко или голем татко.
Многу македонски семејства, со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми го прославуваат празникот.
 
По црвениот плашт и белата брада потсетува на денес модерниот приказ на Дедо Мраз. Причината за неговата популарност треба да се бара во самата личност на Свети Никола, кој целото богатство наследено од родителите го разделил на сиромашните, старите и на немоќ¬ните.Во желба да остане анонимен, парите не им ги давал на луѓето в раце, туку им ги ставал в џеб за да се изненадат кога ќе ги најдат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *