ВТОР ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА. ЌЕ СЕ ПРЕЗЕНТИРААТ ШЕСТ ИДЕИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

WEB Телевизија во живо

На 4 декември 2023 година, Општина Гевгелија го организира Вториот форум во заедницата за презентација на шесте предлог-идеи за заштита на животната средина, коишто граѓаните ги избраа за развивање концепти на првата форумска сесија.

Имено,
На првиот Форум, граѓаните како најважни решенија за општина Гевгелија и подготовка на концепти ги предложи: – Изградба на велосипедска и пешачка патека- адаптирани и за лицата со попреченост, – Уредување на паркот и реконструкција на објектот во Смрдлива Вода и негова адаптација за користење и од лицата со попреченост, – Изградба на спортско-рекреативен парк и рехабилитација на веќе постоечките со содржини за лицата со попреченост, деца и возрасни, – Селекција и рециклирање на отпад и – Собирен центар за употреблив отпад од домаќинаствата.

Формираните работни групи од учесниците изработија концепти и ќе ги промовираат на втората Форумска сесија која ќе се одржи во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток во 17:00 часот.
 
Форумите во заедницата, Општина Гевгелија ги спроведува во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и сорабока во рамки на Проектот: „Зајакнување на општинските совети“. Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *