ВОВЕДУВАЊЕ КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРОТИВПОЖАРНИТЕ ЕДИНИЦИ СЕ ПРИОРИТЕТ НА ОПШТИНИТЕ

WEB Телевизија во живо

Финансирањето на противпожарните единици и формирање на комунална полиција, се дел од барањата за кои се расправаше на седницата на генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), што се одржа во Скопје.

„Најголемиот број општини не го исполнуваат законски утврдениот број на пожарникари, а опремата е стара и несоодветна за обезбедување на квалитетна услуга. По доставувањето на иницијативата од ЗЕЛС до Парламентот и разговорите со министерот за финансии успеавме во ребалансот на буџетот на обезбедиме дополнителни 60 милиони денари со наменски дотации за оваа надлежност, а добивме и ветувања дека ќе се обезбедат согласности за дополнителни вработувања на пожарникарите“, изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.
 
Заложбата на ЗЕЛС за воведување на комунална полиција ќе биде еден од приоритетите за следниот период.
„Целта на донесување на ваков пропис, кој до сега не е донесен во нашето законодавство, е да се утврди правото на локалната самоуправа да изрекува мерки и да презема активности за почитување на комуналниот ред, јавната хигиена, заштитата на зеленилото, водите, јавните површини, загадувањето на воздухот и почвата, одлагање на отпадот, одржување и безбедност на настаните од локално значење, заштита на имотот и објектите во сопственост на единиците на локалната самоуправа и имотот и објектите на установите основани од локалната власт, и друго“, додаде Ѓорѓиевски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *