ВЕЧЕР НА СЛЕМ ПОЕЗИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

На 22 декември 2023 година, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, се одржа Вечер на слем поезија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Во поетските настапи, поделени на кругови, свое учество зедоа слем-поети од: Прилеп, Битола, Кавадарци, Скопје и Гевгелија. Игор Трпчески, Тихомир Јанчовски, Миланчо Пендев, Виктор Спасески, Валерија Танчевска, Елена Пренџова и Лазар Аризанов беа 7. поети кои прочитаа луцидни, ритмични, динамични и, следејќи ги постулатите на глобалното слем движење, во дослух со одредени социјално ангажирани теми. Музичкиот аранжман на клавијатура во текот на целиот настан беше на Методија Костоски.
Исто така, беа претставени и три изданија за македонската поетска слем сцена- „Антологија на македонската слем поезија“, „13 години Поетски слем Македонија (2023)“ и „12 години Поетски слем Македонија (2022)“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *