УПРАВУВАЊЕТО СО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ Е ВАЖНО ЗА БЛАГОСОСТОЈБАТА НА СТАРИТЕ ЛИЦА

WEB Телевизија во живо

Поединците треба да се оспособат да го контролираат својот процес на стареење водејќи здрав и активен стил на живеење низ сите возрасни периоди. Примарната превенција е најдобриот приод кон здравјето на сите, вклучително на лицата кои стареат. Станува збор за физичка, ментална за социјална благосостојба на поединците. Се препорачуваат редовни здравствени контроли и вакцини, соодветни лекови, правилна исхрана, ослободување од лоши навики, постојани ментални активности.
 
Ова беше истакнато на работилницата на тема „Подобрување на менталното здравјекај старите лица. Сегашните и идни пензионери во хотел Аполонија, дебатираа за менталното здравје и подготовката за животот во староста. Оваа работилница е дел од проектот „Доживување на втора младост во трета доба“ на Фондацијата Аполонија. На работилницата со свои предавањa учествуваа м-р Розита Андонова, психолог и психо-драма, и Татјана Танчева, психолог и гешталт советник.
 
Геронтолозите наведуваат дека за долг живот придонесуваат четири негенетички фактори: исхрана, физичка ангажираност, психолошка цврстина (поткрепена од спиритуалност и социјабилност) и посебен животен стил (навики). Секако, удел има и здравата животна средина.
Проектот, кој се реализира во рамките на Регионалната Програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската Унија (ЕУ) и кофинансиран од Општина Гевгелија. Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната вклученост, да се подобри квалитетот на животот на старите лица, да се промовира активното стареење и да се поттикне меѓугенерациската солидарност во општина Гевгелија.
 
Секогаш тргнувај од себе. Светот надвор од тебе е рефлексија на светот во тебе, беше истакнато на оваа интересна работилница. Квалитетот на својот живот постарите лица го вреднуваат врз основа на добрите обноски со најблиските, со пријателите и со вклучување во мрежа за општествени активности. Синдромот на општествена депресија може да се јави поради изгубените улоги и позиции.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *