ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИТЕ ВО ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

WEB Телевизија во живо

На 20 декември 2023 година, Општина Гевгелија го организира Третиот форум во заедницата за презентација на шесте предлог-проекти за заштита на животната средина, коишто граѓаните- работните групи ги развиваат преку предлог- концептите на Втората форумска сесија. Третата форумска сесија ќе се одржи во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток во 17:00 часот.
 
Форумите во заедницата, Општина Гевгелија ги спроведува во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамки на Проектот: „Зајакнување на општинските совети“. Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *