ТРАДИЦИОНАЛЕН НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Трета година по ред, Општина Гевгелија ќе го организира новогодишниот дочек со богата културно- забавна програма, на Градскиот плоштад, во којашто учество ќе земаат локални музички групи и уметници. Годинава, за забавата за највеселата ноќ во гoдината се задолжени Оливера Станковска, „Лајф бенд“ и триото „Хитс“ во состав на Моки, Марија и Слободан. 

Исто така, ќе настапат и КУД „Танец“ од Миравци и популарниот Дејан Малзарков со stand up комедија – Diverzija. Гостин на вечерта ќе биде познатиот македонски пејач, Ристо Самарџиев со пријателите, кој ќе ги забавува гевгеличани за Нова година со својот познат репертоар. Водител на Новогодишниот дочек на 2024 година, на плоштадот во Гевгелија, кој започнува во 20:00 часот, на 31 декември, ќе биде Никола Опров.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *