ТЕШКО ПОВРЕДЕН ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ ВО СООБРАЌАЈКА

WEB Телевизија во живо

На 04.12.2023 година во 14.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1108, делница помеѓу Гевгелија и село Моин, П.Ј.(62) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *