„ТАКА,ВАКА“-ЛИТЕРАТУРНО ПРВЕНЧЕ НА ПРОФЕСОРКАТА М-Р МЕРИ ОЛУМЧЕВА

WEB Телевизија во живо

Деновиве, светлото на денот го здогледа првата книга на професорката м-р Мери Олумчева со наслов „Вака,така“. Се работи за книга на детска поезија во која се поместени 23 песни, кои се вистинско огледало на детското секојдневие и детското размислување.

За самата книга авторката Олумчева ќе рече дека со оваа стихозбирка таа имала за цел да ја „изгасне жедта на детската љубопитност, поблиску да им се доближат природата и средината, но и ликовите во нивниот секојдневен живот кои секогаш имаат погледи насочени кон нив и бескрајна љубов:мама и тато, баба и дедо, бато, наставничката, другарчето…”

Од друга страна рецензентот , професорот Тони Аврамов, ќе напише: „Книгата на Мери Олумчева, обоена со боите на детството, исткаена со лирски елементи и наративни црти на мисловните 10 гатанки, постигнуваат колоритен, весра ефект кај читателот кој на моменти ни ја објаснува пораката зошто детето треба да биде дете, а возрасниот возрасен, кој ни го објаснува светот онаков каков што е, но и онаков каков што сакаме да биде“.
 
Инаку м-р Мери Олумчева е родена во Гевгелија каде го завршува своето основно и средно образование, за да потоа своето образование го продолжува високото образование на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје-група македонски јазик. Таа работи како професор по македонски јазик, а од 2019 година станува лектор по македонски јазик. Во 2021 година станува магистер по психолошки науки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *