„СВЕТИ НИКОЛА ДАРУВА, СВЕТИ НИКОЛА ПОДАРУВА“

WEB Телевизија во живо

Пред големиот христијански празник Свети Никола, Здружението „Православна жена“ и оваа година ја продолжува традицијата на организирање на хуманитарниот базар „Свети Никола дарува, Свети Никола подарува„
 
Денес, недела, 17 декември, на денот на Светата маченичка Варвара, од 10 до 16 часот, во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“се одвива овогодишниот Хуманитарен базар на кој се изложени разни подароци и посни колачи.
 
Инспирација и поттик, овие жени наоѓаат во постарите генерации, мајки, баби и прабаби, кои цврсто ја зајакнувале верата, со пожртвуваност и дела, како во својата фамилија така и во православието.
 
„Се водиме од примерот на Свети Никола, бидејќи тој делел храна на болните и изнемоштените лица со многу љубов. Со ова само ја продолжуваме нашата хумана улога и придонесот во православниот живот во општината.“, велат од здружението.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *