СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ , ПАТРОН НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА И ТАТКО НА НАШАТА ПРОСВЕТА

WEB Телевизија во живо

Денеска Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј.
Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина…
Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно итн.) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
 
Светиклиментовото дело како основоположник на македонската просветителска и духовна дејност е една од најзначајните цивилизациски придобивки на денешниот македонски народ, кој го живее благодатот да биде негов наследник. Неоспорните факти дека словенската писменост, богословската возвишеност, но и научната основа на балканските народи потекнуваат од Охрид, го прават денешниот Македонец да биде горд на тој образовен процес.
Од неговата школа во Охрид излегле и првите лекари и првите писатели, првите филозофи, но и првите големи духовници.
 
Свети Климент е татко на македонската просвета. Во голем број од неговите книги посветени на овој светител може да се прочита дека јазикот, писмото, просветата и просветеноста на еден народ се основа за секаков напредок и културен развој и дека тоа многу добро го знаел свети Климент и токму затоа му дал посебен акцент на пишаниот збор.
За него просветата значеше, преку мајчин јазик и писменост, народот да се стекне со знаење на божјиот закон и морал. 
 
За таа цел, под раководство на свети Климент, а подоцна и свети Наум, во Охрид започна со работа Охридскиот црковнокнижевен центар. Таа школа претставува словенско огниште на просветителска и културна дејност. Во овој центар, поточно во делото на свети Климент и Наум, се основите не само на македонската туку и на сесловенската просвета и книжевност. Со нивната дејност насекаде по манастирите, црквите и училиштата, грчкиот и латинскиот јазик беа заменети со мајчиниот старомакедонски словенски јазик. Словото божјо на народот му се проповедаше на својот јазик: на јазикот на овчарите, орачите, копачите, жетварите, на јазикот на нашите мајки и татковци. Затоа се прифаќаше неговата проповед со срце и со душа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *