СКАЗНАТА ЗА РИБАРОТ И РИПКАТА ВО ФОРМА НА КАМИШИБАИ- ПРЕТСТАВА

WEB Телевизија во живо

Членовите на Драмската секција за деца преку камишибаи- претстава ја изведоа Сказната за рибарот и рипката од Александар Пушкин. Низ цртежи што се движат, зборуваат и раскажуваат приказна, малите актери, под менторство на Катица Џишева Дупарова, се претставија мошне добро пред нивната генерација, но и пред повозрасните.

Јапонскиот уличен театар, кој како форма на театарската уметност по вторпат го изведува Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, се прикажа во Пионерскиот дом- Гевгелија, на 22 декември.

Илустрациите од Сказната за рибарот и рипката, коишто со помош на рачињата на малите актери, се движеа од слика во слика во кутијата согласно раскажувањето на приказната, ги нацрта Антонија Крстова, член на Ликовната секција при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, под менторство на м-р Александар Јанев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *