СИЛВЕСТЕР ПРОЛЕ УЧЕСНИК НА 4-ТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕТНОМУЗИКОЛОГИЈА ВО КИКИНДА, РЕПУБЛИКА СРБИЈА

WEB Телевизија во живо

Во Кикинда, Република Србија, се одржа меѓународната конференција на тема етномузикологија, етнокореологија и практика, најголема во Југоисточна Европа, во организација на Академското друштво за негување на музиката „Гусла“ и Асоцијацијата за култура Банат од Темишвар. На конференцијата, покрај српските експерти, учествуваат и експерти од Романија, Македонија, Република Српска и Црна Гора.
 
Силвестер Проле, етнокореолог при Дом на култура Гевгелија, заедно со своите колеги од Македонија, д-р Владимир Јаневски, доц.м-р Христијан Николовски, м-р Љупка Стефановска и м-р Тијана Јаневска ги презентираа на овој собир етнокореолошките стручни и уметнички трудови.
На конференцијата беше прикажана и филмската адаптација ЛАЗАРЕНКИ – реликвија на етничкиот предел Бојмија во продукција на Дом на култура “Македонија” – Гевгелија и соработка со Ансамбл Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *