РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ИНТЕГРАЛЕН ПЛАН НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија, во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, започнува со подготовките за изработка на Интегрален план за локален развој. За таа цел, денес, вторник, 12 декември 2023 година, во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, беше одржана Работилница за подготовка на Интегралниот план, на којашто покрај претставници од општинската администрација, присуствуваа и претставници на локалните институции, бизнис и Нво-секторот, како и младите од Општина Гевгелија.

Имено, на Работилницата за подготовка на Интегрален план за локален развој, се правеше SWOT анализа, се дефинираа визија и мисијата на Општината, стратешките цели во сите области на делување за којашто Општина Гевгелија е надлежна и се дискутираше со цел произлегување заклучоци од работната средба за планирање на следните чекори во подготовката на документот.
 
Подготовката на Интегрален план за локален развој е дел од активностите во рамки на Проектот: „Зајакнување на Општинските совети- Фаза 2“, во којшто е вклучена Општина Гевгелија преку Програмата финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува УНДП во соработка со национални и локални партнери.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *