ПРВА ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ И СКУЛПТУРИ СО КНИЖЕВНИ МОТИВИ И ОДРЕДНИЦИ „НАРАРТИВА 2023“

WEB Телевизија во живо

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, а во соработка со НУ Музеј – Гевгелија, вчеравечер, на 25 декември 2023 година (понеделник) во ГалеријаАмам во Гевгелија беше отворена изложбата „НарАРТива 2023“ со слики и скулптури од современите македонски уметници: Никола Пијанманов, Вангел Срнаков, Владимир Илиевски, Ване Костуранов, Марија Трајаноска,Мирјана Крстева Массетти, Миле Ничевски, Тони Попов, Александар Јанев, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓурова, Иван Кал’чев и Анамарија Митриќеска Кал’чева.
Изложбата, во присуство на љубителите на ликовната уметност, ја отвори директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, Стефан Марковски.

„Од самите прапочетоци на литературата и визуелните уметности може да се зборува и за нивни интермедијални релации кои по сваојата природа отсекогаш биле двонасочни. Не само што низ целокупната историја литературните дела вдахновиле и биле втемелувачки жар во процесот на создавање на голем број ликовни дела или скулптури, туку и бројни книжевни дела имаат екфрастичко-експресивен предзнак, а обете уметности комплементарно се надоврзувале во сеопштата еволуција на уметноста, поединечни правци или струи“, рече при отварањето Марковски, посакувајќи ова да биде почеток на една традиција во ликовниот живот на Гевгелија.

Изложбата „НарАРТива 2023“ се соочува со целта да ја долови врската меѓу литературата и уметноста, поаѓајќи од позицијата на естетски и поетички разноликото творештво на современите македонски визуелни уметности – од дела кои своја подлога наоѓаат во поединечни наративни или ситуациски нишки од делата или личностите/ликовите на Е.А По, Егзипери, Венедикт Ерофеев или В. Шимборска, преку дела инспирирани од творештвото на Чернодрински, Рацин и Шопов, до дела кои посуптилно или поиндиректно одразуваат некакви наративни обрасци и форми.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *