MEЃУ 100 –ТЕ НАЈДОБРИ КУЈНИ ЗА 2023, МАКЕДОНСКАТА Е НА СОЛИДНОТО 61 МЕСТО, ДОДЕКА АЈВАРОТ НА 63 МЕСТО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ПРЕХРАМБЕНИ ПРОДУКТИ

WEB Телевизија во живо

Објавено е годишното рангирање на TasteAtlas за најдобрите кујни, јадења, градови за храна, прехранбени производи и состојки, како и листи на легендарни ресторани и книги за готвење.
Евидентирани се вкупно 395.205 (271.819 валидни) оценки на јадења и 115.660 (80.863 валидни) оценки за прехранбени производи.
 
Врз основа на овие оценки, беа избрани 50-те најдобри прехранбени производи за секоја кујна, а најдобро оценетите кујни во светот беа рангирани според просечната оценка на најдобро оценетите јадења и прехранбени производи од секоја земја. Италија и Јапонија забележаа ист просечен рејтинг, но Италија повторно го зазеде првото место оваа година поради повисокиот рејтинг на своето најдобро оценето јадење – пицата. Третата најдобро оценета кујна е грчката. Македонската кујна се најде на 61-то место, а пред нас се Хрватска, на 19, Србија на 20 и БИХ на 27 место.
 
Врз основа на просечните оценки на корисниците на прехрамбени продукти, објавена е листа на топ 100 продукти во светот. Најдобро оценет прехрамбен продукт за 2023 година е бразилското месо Picanha, потоа малезискиот леб Roti Canai и тајландскиот специјалитет Phat Kaphrao.
Македонскиот ајвар, на оваа листа, се „пласираше“ на солидното 63-то место со следниот опис:
Овој традиционален вкус од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните зачини низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар често е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки. Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар.
 
Ајварот се прави со пиперка од црвен рог, лута пиперка, модар патлиџан и лук; сите во променливи количини, во зависност од личниот вкус. Пред да се пасира во густа паста, зеленчукот обично се пече на дрвен оган што му дава пријатен чад на овој сладок, но лут вкус, што го прави совршен додаток за месо на скара.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *