МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „TE DUA, ЖИМИ МЕНЕ“ ПРЕД ГЕВГЕЛИЧАНИ

WEB Телевизија во живо

Филмот „Te dua, жими мене“ ќе биде прикажан во Гевгелија, во среда, на 13 декември 2023 година, во Народниот театар, со почеток во 19:00 часот. Од денеска, билетите се пуштени во продажба по цена од 150 денари, а можат да се купат секој работен ден во просториите на Народниот театар, од 08:00 до 16:00 часот или на самиот ден пред почетокот на прикажувањето.
 
„Te dua, жими мене“ е забавна комедија којашто раскажува приказна за тројца другари, маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.
 
Главните ликови ги толкуваат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а играат и: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Талија Настова, Елдин Широки, Исмаил Касуми, Надица Петрова, Сара Спиркоска, Ангела Димитрова и Флакрон Алиу.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *