МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ УПРАВУВААТ И МЕНАЏИРААТ СО РИЗИКОТ ОД ПОПЛАВИ ОД РЕКАТА ВАРДАР

WEB Телевизија во живо

Проектот има за цел создавање на ефикасна меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција за управување и менаџирање со ризикот од поплави во пограничната област Вардар/Аксиос.
Примарниот елемент вклучува размена на информации и податоци, како и развој на заедничка стратегија за меѓусебна помош и соработка во случај на поплава. За таа цел, инсталирана е мерна опрема на реката Вардар на стратешки
точки во Демир Капија и Гевегелија, со која се обезбедуваат информации и се следи нивото на водата, како и други клучни карактеристики за навремено да се реагира во случај на опасност од поплавување.
 
Меѓудругото, овој проект обезбедува едукација на населението, со посебен акцент на ранливите категории. Се вршат обуки и работилници од страна на експерти, ангажирани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел лицата правилно да се справуваат пред, за време и после поплавите.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку програмата
INTERREG IPA и земјите учеснички и е во вредност од речиси еден и пол милиони евра.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *