ИЗРАБОТЕНА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА 007 SECURITY, ЗА ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

WEB Телевизија во живо

Во денешно време, во поголемиот број на земји криминалот е секојдневие. На пример, за ситуацијата во својата земја еден судија рекол: „За жал, не е прашање дали, туку кога ќе станеш жртва“. Во други места, можеби криминалот не е толку раширен. Сепак, не е мудро да сме безгрижни, зашто така стануваме полесна жртва.
Сеедно дали живеме во средина со повисока или пониска стапка на криминал, што можеме да направиме за својата безбедност и безбедноста на своето семејство? Еден практичен совет е да се држиш за следново библиско начело: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“. Полицијата пак им препорачува на луѓето да преземат превентивни мерки.

Во овој напис ве запознаваме со една таква мерка.
Perpetuum Code, ИТ старт ап компанија од Гевгелија, неодамна ja промовираше на пазарот, за прв пат во Македонија, револуционерната мобилна апликација 007 Security, посветена за лична безбедност и „мир на умот“.
Идејата за оваа апликација е на тимот од Агенцијата за обезбедување на имот и лица „007 Security“ од Гевгелија, додека реализацијата им беше доверена на тимот на стручни лица од информатичката компанија „Perpetuum Code“, исто така од Гевгелија, која нуди консултации од светска класа и услуги за развој на софтверски решенија.

Еден од косопствениците на Агенцијата „007 Security“, Атанас Стојковски, во разговор за „Вечер“ ни посочи дека идејата за оваа мобилна апликација произлегла од барањата на нивните клиенти.
„ Во денешно време, вели тој, секој од нас дошол во ситуација да му биде потребна помош од било кој вид. Било да станува збор за губење во природа, за некоја сообраќајна несреќа, или пак за нашите деца, кои може да се најдат во непријатна ситуација, решивме, да побараме од нашите пријатели од Perpetuum Code да создадат мобилна апликација, истакна Стојковски.

„007 Security апликацијата ви дава можност за барање помош од страна на професионална безбедносна агенција секогаш кога таа ќе ви е потребна. Кога ќе се почувствувате ранливи, оваа апликација е на дофат на вашите прсти, на вашиот мобилен телефон, а преку која се испраќа аларм и точна локација каде се наоѓате, вели Стојковски.

Глигор Петков, сопственикот на информативно-технолошката компанија Perpetuum Code ни објасни
„Создавањето на оваа апликација беше предизвик за нас, во кој влеговме со сиот наш потенцијал и знаење. Затоа, со голема возбуда го проследивме нејзиното објавување некаде кон крајот на септември, оваа година. Се работи за врвна апликација за лична безбедност, единствена од овој вид во Македонија. Таа ја споделува вашата локација во реално време, а има и копче за опасност, со кое се вклучува алармот во Агенцијата за обезбедување 007 Security.

За тоа, како изгледа оваа апликација, и како може да се аплицира на мобилни телефони , може да погледнете на www.007security.mk.
Агенцијата за обезбедување на имот и лица 007 е основана 22.03.2002 година. Основачи се пет ентузијасти кои до тогаш веќе имаа врвни искуства во секторот на обезбедување во казина, дискотеки, барови, воено искуство и слично. Прв заеднички проект во обезбедувањето им е хотел казиното Аполонија во Гевгелија каде до ден денес успешно ги извршуваат сите задачи од областа на безбедноста.

Следните неколку години беа обезбедување и на Фудбалската Федерација на Македонија, вршејќи обезбедување на Генералните собранија на ФФМ, на Куповите на Македонија, и на натпреварувањата што беа дел од квалификациите за Европското првенство 2004 и Светското првенство 2006г. Следните години го обезбедуваат и летното диско АВА, кафе барот Корзо, мотел Вардар, слот клубот Ранде-Ву и други. Агенцијата за обезбедување 007 наредните години се свртува кон обука на кадри преку кикбокс клубот Аждер од Гевгелија од каде ќе излезат голем број квалитетни кадри кои ќе станат професионални обезбедувачи и полициски службеници.
 
Денес агенцијата 007 е сконцентрирана со седиште во Гевгелија каде што успешно го гради своето реноме повеќе од 20години. Во моментов со 35 вработени лиценцирани обезбедувачи располагаат со се што е потребно за безбедноста,сигурноста и приватноста на секој свој клиент.Тие нудат физичко обезбедување, патролно обезбедување, како и видео мониторинг.
Обезбедување на квалитетна услуга, професионален однос, задоволство на корисниците и максимална заштита e нивното мото.
Ги следат најновите трендови, ја користат најновата опрема (постигнување на стабилност, сигурност и безбедност). Задовоlството на клиентите, нивната доверба и безбедност е на прво место во мотото на агенцијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *