ХУМАНИТАРЕН БАЗАР „СВЕТИ НИКОЛА ДАРУВА, СВЕТИ НИКОЛА ПОДАРУВА“

WEB Телевизија во живо

Здружението „Православна жена“ и оваа година ја продолжува традицијата на организирање на хуманитарниот базар „Свети Никола дарува, Свети Никола подарува„ со што ја продолжува нивната улога и придонесот во православниот живот во општината.
 
Инспирација и поттик, тие наоѓаат во постарите генерации, мајки, баби и прабаби, кои цврсто ја зајакнувале верата, со пожртвуваност и дела, како во својата фамилија така и во православието.
Се повикуваат сите кои што се во можност да земат учество и нивните подароци и посни подготовки да ги достават во Црквата , најдоцна до сабота, на 16 декември преку целиот ден !
 
За да, на ден 17 декември, недела, од 10 до 16 часот, во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ биде одржан овогодишниот Хуманитарен базар: „Свети Никола дарува, Свети Никола подарува“ на кој ќе бидат изложени разни подароци и посни колачи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *