ЕДНО СРЕБРО И ТРИ БРОНЗИ ЗА КИК БОКС КЛУБОТ „АЖДЕР“ ОД ГЕВГЕЛИЈА НА „BALKANS BEST FIGHTERS“ ВО ЈАГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Од 1 до 3 декември 2023 година во Јагодина, Република Србија, во организација на Кик бокс клубот „Ниш“ се одржа еден од најсилните кик-бокс турнири, 8-миот „BALKANS BEST FIGHTERS 2023“ На турнирот учествуваа над 500 натпреварувачи од 66 клубови од: Молдавија, Бугарија, Македонија, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Унгарија, Романија, Србија…
 
Македонија ја претставуваа 191 натпреварувач, а покрај нив, во експедицијата беа уште 31 тренер и 5 судии.
Вкупно македонските кик боксери освоија 117 медали, од кои 32 златни, 34 сребрени и 51 бронзени.
Меѓу нив се најдоа и шестмина кик боксери од гевгелискиот клуб „Аждер“. Со сребрен медал се закити Џани Ибраимов, додека бронзи освоија Дејан Панов, Ванчо Митев и Ристо Пенов. На турнирот настапија и Кристијан Донев и Петар Пеев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *