ДРАМСКАТА ГРУПА „ДОН КИХОТ“ СО ТРЕТА НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛОТ „УТРИНСКА ЅВЕЗДА“ ВО БАНСКО, БУГАРИЈА

WEB Телевизија во живо

Драмската група ,,Дон Кихот” при СОУ ,,Јосиф Јосифовски” од 29 ноември до 3 декември 2023 се натпреваруваше на Меѓународниот фестивал на уметностите ,,Утринска ѕвезда” во Банско, Бугарија. Во силна конкуренција го освои третото место со претставата ,,Орфеј и Евридика” во режија на Даниела Џишева. Текстот е преработен од Ивана Кркотиќ – Прошева. Техничката обработка е на Тони Аврамов.
 
На овој престижен и веќе докажан фестивал, Драмската група од Гевгелија „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ги освојува највисоките награди изминатите неколку години.
Меѓународен уметнички фестивал „Утринска ѕвезда“ е престижен и веќе докажан меѓународен фестивал. Фестивалот секоја година претставува богата палета на млади таленти, различни видови уметност, бројни традиции и културни настани.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *