ДОСТОЈНО ПРОСЛАВЕН ПАТРОНОТ НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ОД МИРАВЦИ

WEB Телевизија во живо

Основното Училиште „Климент Охридски“ од Миравци, со културно-забавна и спортска програма го одбележи својот патронен празник.
Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени.
Школството во Миравци има длабоки корени-150 години. Првото училиште било отворено 1884 година, а за прв учител бил назначен Глигор Божинов.
 
Наставата се реализирала во куќи и црковни објекти. Како доказ за кажаното е тоа дека на територијата на Миравци се пронајдени “Алфавитарии“-букварки од Кирил Пејчиновиќ, како и неговите “Огледало“ и “Евангелие“.
Во 1925 година, со голема помош на рускиот учител Трофим Сахненко, била изградена училишната зграда во која се изведуваше настава се до 1996 година кога учениците и наставниот кадар се пресели во новата училишна зградa.
 
Новата училишна зграда е современа градба која оптимално ги задоволува условите за реализација на современа настава. Има убаво уреден двор и нова фискултурна сала. Училиштето „Климент Охридски“ има долга традиција на учество на општински, регионални, а понекогаш и на републички натпревари.
Во годините наназад учениците од ова училиште имаат освоено повеќе републички и регионални први награди и признанија по биологија, хемија, физичко и здравствено образование, македонски јазик, сообраќајно образование, прва помош, библиотекарство и др.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *