ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА РАСКАЗИ, ЕСЕИ И КОРИЦИ НА КНИГИ ПО ПОВОД МЕСЕЦ НА КНИГАТА

WEB Телевизија во живо

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија ги додели наградите од Конкурсите за расказ на слободна тема, есеи и корица на книга, наменети за учениците од основните училишта и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, распишани по повод Месецот на книгата.

Имено, директорот Стефан Марковски им ги врачи наградите на: Ирина Алчинова од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија под менторство на Вили Караколева за освоено 1. место; Марија Јанчева од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија под менторство на Мери Олумчева за освоено 2. место и Георгина Ризова од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија под менторство за освоено 3. место на Литературниот конкурс за расказ на слободна тема.

За Литературниот конкурс за есеи на слободна тема, им беа врачени наградите на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија – за 1. место на Виолета Чугунцалиева под менторство на Тони Аврамов, за 2. место на Весна Папучиева под менторство на Славица Маркова и за 3. место на Ѓорги Новаковски под менторство на Тони Аврамов.

На Ликовниот конкурс за дизајн на корица, наградени се Верица Стефаноска – 1. место, Георгина Ташева – 2. место, Спасе Ќириќ – 3. место и Марија Николовска – Пофалница, ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, под менторство на Михаил Петров. На останатите, им беа доделени Благодарници за учеството на овој традиционален конкурс.
 
ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија упати благодарност до членовите на Комисиите, коишто учествуваа во оценувањето на пристигнатите творби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *