ДЕНЕС Е СВЕТА МАЧЕНИЧКА ВАРВАРА-ЗА МНОГУ ГОДИНИ

WEB Телевизија во живо

Еден од поголемите празници што ги слават православните христијани и православните Македонци е празникот на светата великомаченичка Варвара. Света Варвара се почитува, зашто сечесната со помошта на оружјето на Крстот ѓаволските мрежи ги искина и како птица од нив се ослободи.
Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас. Затоа што била христијанка ја погубил нејзиниот татко, кој бил паганин, во 306 година.
 
Меѓу народот постои верување дека не се оди никаде на гости на овој ден, туку дека се седело дома. Се верува дека денес кој прв влезе дома таква ќе биде годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него – за бериќет. Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник“.
Полезникот носел неколку сламки и велел: „Дујде Света Варвара сус гуденца, сус пиленца, сус детенца, и бериќет и здравје и ксмет да имате во куќата“. Полезникот го честеле со кафе, слатко и др. а му давале и пари.
 
Обичаи поврани со полезник се изведувале и во Гевгелиско каде што овој обичај се изведувал на Мартинци. Освен тоа домаќинката мешала повеќе житни култури (пченка, јачмен, овес, просо и др.) ги варела и им ги давала на кокошките да им се разварат цревата и да несат повеќе јајца во текот на годината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *