ДАМЈАН ЃУРОВ УЧЕСНИК НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „СКУЛПТУРАТА ВО ЈАВНИОТ ПРОСТОР“ ВО ВЕЛЕС

WEB Телевизија во живо

Во рамки на Скулпторската колонија 2023 „Велес отворена галерија“ се одржа панел дискусија на тема „Скулптурата во јавниот простор“. Говорници на панелот беа Ибрахим Беди, Ангел Коруновски, Марјан Стојаноски, Дамјан Ѓуров и Слободан Милошески. 

Тие дискутираа за обликување на градскиот простор во естетски контекст, скулптурата во комуникација со просторот и публиката како и за естетиката на апстрактната скулптура во јавниот простор. Се разгледуваа и локации низ Велес на кои ќе бидат поставени скулптурите што треба да ги изработат шестмина уметници во рамки на колонијата.

Скултурите треба да бидат завршени до почетокот на февруари 2024 година.
Организатор на Скулпторската колонија 2023 е Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *