ЧЕТИРИ ГОЛА НА УЗУНЧЕВ ЗА ТРИУМФ НАД САУДИСКА АРАБИЈА

WEB Телевизија во живо

Јуниорската репрезентација на Македонија со победа стартуваше на „Трофеј Карпати“ што се одржува во Романија, откако лесно и убедливо славеше над селекцијата на Саудиска Арабија со 39-27. Свој допринос кон оваа победа дадoa и браќата Узунчеви. Избраниците на Стојановиќ одиграа одличен натпревар, особено во нападот. Иако на полувремето резултатот беше 19-13, во второто полувреме, нашите јуниори додадоа гас и на крајот заслужено славеа со двоцифрена разлика.
 
Белистојановски со пет гола беше најефикасен во македонската репрезентација, додека по четири постигнаа Димитар Узунчев, Самоил Ристевски, Дејан Михајловиќ, и Никола Ристески.
Нареден противник на македонските јуниори ќе биде селекцијата на Словачка, меч што е закажан за денес во 16,30 часот, а турнирот ќе го завршиме со меч против домаќинот Романија утре, недела, во истиот термин. Троферј Карпати во Романија се оддржува од 15-ти до 17-ти декември и е дел од подготовките за настап на EHF Euro во Словенија кое ќе се оддржи наредната година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *