ЦАРИНАТА СПРЕЧИ ШВЕРЦ НА 516 ДЕЛОВИ ЗА КАМИОНИ НА ГП „БОГОРОДИЦА“

WEB Телевизија во живо

Вкупно 516 различни делови за камиони се запленети од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица. Обидот за нелегален внес на делови за камиони е откриен од страна на царинските службеници на влез на граничниот премин Богородица. Возачот на камионот, против кој е поднесена прекршочна постапка, се обидел да ги прошверцува деловите за камиони, криејќи ги во различни делови на возилото.
 
За време на контролата, во внатрешноста на задните седишта, под и помеѓу седиштата, и во багажникот кај резервната гума се пронајдени вкупно 516 различни делови за камиони.
Меѓу непријавените делови се комплети плочки за кочење, лед фарови, задни штопови, кочиони цилиндри, стакла за фар, сетови кумплуг, разни светлосни обележувачи за приколки, како и други делови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *