БРАНАТА „КОНСКО“ СЕ ОЧЕКУВА ДА БИДЕ ВО ФУНКЦИЈА ОД НАРЕДНАТА ПРОЛЕТ

WEB Телевизија во живо

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски систем, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беа во работна посета на Гевгелија и извршија увид во завршите работи од изградбата на најзначајниот и најголем водоснабдителен проект Браната „Конско“ кај Гевгелија.
 
Градежните активности треба да завршат до крајот на овој месец а по тестирањата на системите ќе претстои официјалното пуштање во употреба на овој важен водостопански објект.
Според динамиката на работите на инсталацијата на цевководот и хидромеханичката опрема во тунелот и другите пропратни работи, финализацијата на изградбата може да се очекува идната пролет.
 
Браната „Конско“ е целосна инвестиција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вредна 40 милиони евра, што претставува и најголем капитален водостопански објект во последните 50 години.
Овој капитален проект го поттикнува развојот на земјоделството и влијае врз развојот на економијата во Општина Гевгелија. Покрај наводнувањето на земјоделското земјиште, од оваа акумулација се обезбедува и редовно снабдување со вода за пиење, за производство на електрична енергија и што е најзначајно се обезбедува вода за дотур во Дојранското Езеро.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *