43 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЏОН ЛЕНОН, MУЗИЧАР,ПОЕТ, ФИЛОЗОФ, ПАЦИФИСТ И ЧЛЕН НА ЛЕГЕНДАРНИТЕ „БИТЛСИ“

WEB Телевизија во живо

Роден е на 9 октомври 1940 година во Ливерпул. Од рана возраст се занимавал со музика и компонирал песни, на 12-годишна возраст го оформил својот прв бенд, а на 17-годишна возраст започнал соработка со Пол Макартни со кого ја формирал легендарната група „Битлси“, чии членови наскоро станале Џорџ Харисон и Ринго Стар.

Џон Ленон важи за еден од најважните рок музичари на 20 век. Неговото убиство предизвика многу приказни, вклучително и бројни теории за потенцијалните причини за убиството.
Пред зградата на „Дакота“ во Њујорк, каде што живееше, во доцните вечерни часови на 8 декември, пред 43 години, Марк Дејвид Чепмен ги чекаше него и неговата сопруга Јоко Оно.
Контроверзното убиство на музичката легенда покрена многу прашања и беше предмет на многу шпекулации, од – која беше причината за неговото убиство, до Марк Дејвид Чепмен, иако тој го призна убиството – можеби воопшто не е убиец на Џон Ленон.
 
Бидејќи телото на Џон Ленон беше кремирано, и поради признанието на Чепмен, не беше спроведена детална истрага за убиството, а Чепмен беше осуден на доживотен затвор. Постоеше можност за условно ослободување од затвор по 20 години, но поради големиот притисок од јавноста, барањето за ослободување на Чепмен беше одбиено дури осум пати, поради што тој сè уште е во затвор.
Смртта на Џон Ленон симболично претставува крај на 60-тите години (иако тоа се случи 10 години подоцна), како и сè што тие претставуваа, како во музиката, така и во светот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *