3 ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

WEB Телевизија во живо

Годишното одбележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност започна во 1992 година, со резолуција број 47/3 на Генералното собрание на Обединетите нации.
 
Одбележувањето на денот има за цел да го промовира разбирањето за проблемите на лицата со инвалидност и да мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на овие лица. Исто така, со активностите во рамките на одбележувањето, националните инвалидски организации се обидуваат да ја зголемат свеста за придобивките што произлегуваат од интеграцијата на лицата со инвалидност во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.
 
Според податоците на Светска здравствена организација, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на хендикеп. Ова одговара на околу 15% од светската популација. Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби, но и поради војните.
 
Се проценува дека во Република Македонија, 10% или околу 200.000 жители се лица со инвалидитет. Здравствена и социјална заштита на лицата со посебни потреби треба да има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини. Вклучувањето на лицата со попреченост е суштински услов за почитување на човековите права, одржливиот развој и мирот и безбедноста.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *