114 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ, 30 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

WEB Телевизија во живо

Пред 114 години, на денешен ден, 7 декември, во Банско, бил роден Никола Јонков Вапцаров. Своето творештво го напишал на бугарски јазик, но содржината на тоа творештво е македонска. Тој е еден од организаторите на Македонскиот литературен кружок во Софија, во кој беа опфатени повеќе млади македонски литературни творци. Го стрелаа бугарските фашисти во Софија, на 23 јули 1942 година.

На денешен ден, 7 декември 1993 година, почина Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската книжевност во областа на културната историја на македонскиот народ.
Блаже Конески е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонскиот литературен јазик. Тој е личноста што се нурна најдлабоко во македонското минато и што се извиши највисоко во македонската иднина.
Роден е во селото Небрегово, Прилепско, на 19 декември 1921 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *