ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ IDEAS

WEB Телевизија во живо

Со голем интерес беше проследена завршната конференција на Проектот IDEAS. Овој проект се фокусираше на паметно земјоделство и производство на квалитетна и безбедна храна.

 Предвидените проектни активности опфаќаа: обуки за примена на теоретски и практични вежби за изучување на алатки за паметно земјоделство, обуки за ЕУ регулативите за здравје и безбедност на храна, набавка и поставување на опрема за паметно земјоделство базирано на LoraWAN технологија, како и мониторинг и техничка поддршка на избраните бизнис-идеи. 

Покрај презентацијата на проектните активности, на Kонференцијата имаа можност да се претстават и добитниците на техничка и дигитална поддршка, кои поднесоа пријава за учество во рамки на Повикот за иновативни бизнисидеја од областа на земјоделско – прехранбениот сектор. 

Претставникот Ѓорѓи Беќаров, од Пчеларска фарма „Беќарови“, ја претстави својата интернет-продавница на Пчеларската фарма Беќарови, „Балески Органик“ ги презентираше резултатите од воведувањето на дигитализација во комора за одржување и за добивање производи со додадена вредност. Додека, Бруно Алчинов од Апи – тераписки центар „Ристо Алчинов “ сподели информации за усовршување на апи – терапискиот пристап кон зголемена следливост. 

За дигитализација на пчеларско производство со јавно – достапни информации, презентираше Кристијан Алчинов од Здружението „Апитоксин“, а на крајот се претставија „Гевгелија Точак клуб“ со Проектот за овозможување услови за привлекување на вело туристи преку промоција на локални угостителски и сместувачки објекти во Југоисточниот Регион. 

Проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним IDEAS се реализира во рамки на Interreg IPA – CBC програмата за прекугранична соработка ГР – МК за програмскиот период 2014 – 2020, а го имплементираат Фондацијата за локален развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *