ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денеска во Гевгелија се одржа завршниот настан за промоција на проектот за изградба на пречистителна станица во Општина Гевгелија. Изградбата на оваа пречитителната станица за отпадни води претставува трилатерален проект вреден 10,6 милиони евра, во чија изградба учествуваа Македонија, Швајцарија и Грција.

Настанот започна со посета на пречистителната станица за отпадни води и увид на реализираните активности од последната фаза на проектот: чистење и затварање на дивата депонија и изградба на фотоволтаичната централа за потребите на пречистителната станица. 

Оваа фотоволтаична централа задоволува 30 % од потребите за електрична енергија на самата станица
Потоа, во Народниот театар во Гевгелија свои обраќања имаа министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, амбасадорката на Грција Софија Филипиду и градоначаникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *