ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОСНОВНИОТ БУЏЕТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО НАД 90% РЕАЛИЗАЦИЈА

WEB Телевизија во живо

На 34. седница, Советот на Општина Гевгелија го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (кумулативно) за периодот 01 јануари – 30 септември 2023 година. Од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2023 година во висина од 598.552.512 денари, реализирани се вкупно приходи во висина од 467.889.611 денари или 78,17%, од кои тековно оперативни приходи 429.451.105 денари и 38.448.506 денари капитални приходи. Додека, од вкупните расходи во висина од 420.582.530 денари, 88.842.139 денари припаѓааат на капитални расходи. Од планираните 246.493.809 денари во Основниот буџет, реализирани се 90,48% или 223.039.763 денари. Додека, од реализираните расходи во Основниот буџет во висина од 187.862.433 денари, 54.548.472 денари припаѓаат на капиталните расходи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *