ВО САМОБОР ОДБЕЛЕЖАНИ 84 ГОДИНИ ОД ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА „БЕЛИ МУГРИ“

WEB Телевизија во живо

Коста Апостолов Солев, попознат како Кочо Рацин, е вистински историски херој на македонската нација, нејзината долгогодишна борба за национален идентитет и особено за македонскиот јазик и литература. 
Суровиот живот во илегала, но и речиси исто толку суровата цврста сила и желба го донеле во Самобор, каде во 1939 година ја отпечатил својата стихозбирка Бели мугри.
 
Македонците во Република Хрватска не ги забораваат своите великани. Неговите сонародници секоја година редовно со гордост и во голем број се собираат пред неговата биста пред Самоборскиот музеј, оддавајќи му должна почит, а Денот на Рацин го одбележуваат и многу други македонски културни друштва низ Хрватска.
 
Така и оваа година, во сабота, на 25 ноември, Македонците се собраа во Самобор, собрани од Здружението на Македонците во Република Хрватска и МКД Охридски бисер од Загреб, да положат цвеќе и да запалат свеќи на споменикот на Рацин, по што се одржа специјална програма во Самоборскиот музеј.
Во име на Самоборскиот музеј им посака добредојде Иван Тибор Грујиќ, а потоа сограѓаните Македонци ги поздрави амбасадорот на Република Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.
 
Предавање за животот и делото на Коча Рацин одржа професорот по историја Горан Коров, проследено со рецитал на поезијата на Рацин во изведба на ученици кои посетуваат настава по македонски јазик во Хрватска и настап на пејачката група Моми бисерни.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *