УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ОД ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ ПРИСУСТВУВАА НА БАЛЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Ученици и наставници од ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија на 21.11.2023 година присуствуваа на наставно – едукативна посета во Националната опера и балет во Скопје на балетската претстава „Заспаната убавица“ која беше реализирана од страна на професионалниот балетски ансамбл, солисти и оркестарот на НОБ. Многубројната публика со воодушевување и долготраен аплауз го проследи овој настан. Со гордост и особено задоволство беа проследени и танцовите улоги на поранешните ученици на ООМУ „Васо Карајанов’, кои првите балетски движења ги стекнаа токму во ова училиште. Станува збор за Вили Карајанова и Тодор Стојанов кои денес се професионални балетски уметници и членови на балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *