ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ВИДИ ЛЕТАМ“ ПРЕД ГЕВГЕЛИЧАНИ

WEB Телевизија во живо

Во Народниот театар- Гевгелија на 29 ноември 2023 година, среда, ќе гостува Вондерленд театар со театарскиот проект „Види летам“. Претставата ќе започе во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Искуства на бегалци и лица без државјанство во фокусот на нова театарска претстава „Види, летам!“ Вондерленд театар го претставува својот најнов театарски проект, „Види, летам!“ – истражување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство. Текстот за претставата го напиша Ана Трепноска и е инспириран автентичните искази и приказни на луѓето со кои и за кои работи УНХЦР.

Овие лица храбро ги споделија своите искуства анонимно за време на работилниците водени од тимот на Вондерленд Театар. Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ, претставата ветува привлечна и емотивно звучна изведба. Во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Драгана Костадиновска. Поддржан од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) и Младинскиот образовен форум (МОФ), „Види, летам“ на Вондрленд Театар се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.
 
Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата се инспирација за промени, континуирано поместување на стандардите на следното ниво и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор. Сепак, бескрајните можности за истражување и преиспитување на театарот се земјата на чудата пред нас што чека да биде откриена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *