СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Вечерва, во Народниот театар, со почеток од 20 часот, ќе се одржи Свечена академија по повод 70 години гимназиско образование во Гевгелија.
Академијата ќе ја отвори градскиот мешан хор „Гортинија“ со кратка музичка програма во која ќе бидат застапени дела на Лековски и Скаловски, како и македонски народни песни, по што свое обраќање ќе има директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“, Александар Делиџаков.
 
По неговото обраќање, стихови од познати македонски поети ќе читаат професори од Училишниот центар, по што ќе биде промовирана и Монографијата по повод 70 години гимназиско образование во Општина Гевгелија.
СОУ „Јосиф Јосифовски„ од Гевгелија е синоним за добро организирано и квалитетно училиште во кое годишно се школуваат околу 1000 ученици.
 
СОУ „Јосиф Јосифовски„ е диригент на образованието и културните текови во Гевгелија. Успесите и постигањата докажуваат дека учениците и вработените се искрено посветени на работата.
Од СОУ „Јосиф Јосифовски„ патот го започнале голем број градители на минатото и денешното општество, видни и истакнати професори и лекари, архитекти и уметници, политичари и вредни работници. Овој училишен центар денес е почитуван и респектиран партнер во заедницата, извор од кој пие приватниот бизнис-сектор, но и непресушен бунар кој го напојува интелектот на јавниот сектор.
 
Во учебната 1945/1946 година во Гевгелија е отворена првата неполна гимназија, а со решение на Советот за просвета, наука и култура при Владата на Република Македонија, на 7 јули 1952 година, таа прерасна во Полна(осумкласна) гимназија. За четири месеци, со доброволни акции и материјални прилози од ученици, наставници и граѓани, изградена е новата гимназиска зграда во близина на Железничката станица.
 
Прв директор на Полната гимназија „Јосиф Јосифовски„ беше Ристо Елимов а наставата во првата учебна година ја изведувале: Ристо Елимов, Ристо Симов, Васил Кацаров, Александар Матковски, Зафир П. Хаџи-Митров, Танка Николова, Зафир Т. Хаџи- Митров, Бранка Ангелова, Александар Китов, Ристо Роснов, Ристо Кичуков, Илија Патиров, Ристо Ковачев и Томе Ортаков.
 
Првата генерација на матуранти, од учебната 1954/1955 година беа: Аврамов Трајко, Беќарова Марика, Бојаџиева Вера, Гелевски Петар, Граматикова Оливера, Г,чева Вида, Дуњанова Елена, Иванов Илија, Јанешлиева Мирјана, Јанева Елена, Карајанов Петар, Киров Воислав, Комленов Славко, Петрушев Миро, Петрушев Ристо, Ристова Ратка, Толев Петар, Тошев Драги, Трајковски Звонимир, Чанев Костадин (јунска сесија) и Аврамчев Димитар, Ангова Василка, Алчинов Петар, Бержецки Васил, Камберов Димитар, Петров Томислав, Сточески Љубен, Сламков Димитар, Филевски Ѓорѓи, Џаџев Мирослав и Шутева Милица(есенска сесија).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *